На свечен начин, пред голем број гости, во Општина Илинден беше предаден во употреба новиот објект на фирмата „Блик Мак“ - заедничка македонско-холандска инвестиција вредна еден милион евра. Во присуство на холандската амбасадорка Мариет Шурман објектот го предаде во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Истовремено со отворањето, се изврши и осветување на објектот што го изврши митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил. Компанијата „Блик Мак“, формирана во 2006 година е во сопственост на Бранко Ѓоргиевски и Лара Ѓоргиевска-Маан. Фирмата се занимава со трговија на големо и мало во областа на автомобилската, металната, дрвната и градежна индустрија. Новиот објект располага со продажен салон, дистрибутивен центар и канцелариски простор на површина од 2.000 метри квадратни, а на почетокот ќе функционира со дваесетина вработени.
На свечен начин, пред голем број гости, во Општина Илинден беше предаден во употреба новиот објект на фирмата „Блик Мак“ - заедничка македонско-холандска инвестиција вредна еден милион евра.
Во присуство на холандската амбасадорка Мариет Шурман објектот го предаде во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Истовремено со отворањето, се изврши и осветување на објектот што го изврши митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
Компанијата „Блик Мак“, формирана во 2006 година е во сопственост на Бранко Ѓоргиевски и Лара Ѓоргиевска-Маан.
Фирмата се занимава со трговија на големо и мало во областа на автомобилската, металната, дрвната и градежна индустрија.
Новиот објект располага со продажен салон, дистрибутивен центар и канцелариски простор на површина од 2.000 метри квадратни, а на почетокот ќе функционира со дваесетина вработени.